Трудо: Вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина може да ја ескалира војната

t

Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските трупи во конфликтот во Украина веројатно ќе ја ескалира војната, sоопштено е денеска од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Според информациите, Трудо рекол дека војната значително ќе влијае на безбедносната средина во Европа и индо-пацифичкиот регион, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Канада предложи поблиска соработка меѓу двете земји во врска со развојот на оваа ситуација, се наведува во соопштението за печатот.

Во вторникот, Соединетите Американски Држави потврдија дека некои севернокорејски војници се во регионот Курск, руската погранична област каде што украинските сили извршија инвазија во август и сè уште контролираат стотици квадратни километри од таа територија.

Јужнокорејските власти претходно посочија дека некои севернокорејски војници можеби веќе се преместени на линијата на фронтот и изразија загриженост дека не се знае што Русија би можела да му даде на Пјонгјанг за возврат.

Јужнокорејскиот претседател Џун потврди дека темпото на распоредување на севернокорејските војници во Русија е побрзо од очекуваното, оценувајќи дека тоа создава опасна ситуација, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп повтори дека Путин сака мировен договор,…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави…

На 57 годишен Охриѓанец му се превртело…

На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС…

Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…

Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…

Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…

Шест полициски службеници ќе се соочат со…