Џо Бајден ги нарече „ѓубре“ поддржувачите на Трамп
Актуелниот американски претседател Џо Бајден даде контроверзен коментар на предизборен настан, нарекувајќи ги поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“, како одговор на коментарот за Порторико што можеше да се слушне за време на митингот на Трамп во Њујорк.
Бајден зборуваше на настан наменет за Латиноамериканците, каде што одговори на коментарот на комичарот Тони Хинчклиф, кој рече дека Порторико, американска територија, е „остров за отпадоци“.
„Порториканците во мојата родна држава Делавер се добри и чесни луѓе. Единственото ѓубре што го гледам се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Порториканците е неамериканско и навредливо“ – рече Бајден.
Наскоро, поддржувачите на Трамп испратија многу критики за овој коментар, а CNN ја контактираше Белата куќа за појаснување за коментарот на Бајден.
Во својот одговор, администрацијата на Бајден се обиде да ја разјасни неговата спорна изјава каде сакал да рече дека „поддршката на Трамп за ваквата реторика е ѓубре“ и дека тој не мислел на неговите поддржувачи.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека овој коментар може да биде покана до гласачите на Трамп да излезат на гласање на 5 ноември во уште поголем број.
Тие дури ја споредија ситуацијата со 2016 година, кога Хилари Клинтон ги нарече поддржувачите на Трамп „жалосни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…