Од Антикорупциска велат дека тие не се пречка Обвинителството да постапува за Бојан Христовски
Постапувањето на Државната комисија за спречување на корупција во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи, напротив, како што информираат од Антикорупциска, „ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должностите во согласност со законските надлежности“.
Од Антикорупциска, исто така, нагласуваат дека постапуваат во рамки на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции и дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.
– Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста, појаснуваат од Антикорупциска.
Оттаму посочуваат декапостапуваат во рамки на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи систематичен и транспарентен пристап во проверките.
– Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста.
Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно, порачуваат од ДКСК.
Од СДСМ вчера обвинија дека Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик и го повикаа Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности и да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот. Во меѓувреме две директорки на институции се осудени со признание на вина, дека сертификатот со кој стапиле на функциите им бил лажен, и издаден од правниот субјект Julia Co. LTD од Пловдив Бугарија – од кој диплома за англиски има и директорот на АНБ.
– Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна истрага која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот, се вели во соопштението од СДСМ.
ДКСК минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…
Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…
ДКСК примила претставка за директорката на АР…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ДКСК се уште постапува по пријавите за…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ДКСК го блокира назначувањето на нови членови…
Антикорупциската комисија донела одлука да се стават…
Од Антикорупциска велат дека тие не се…
Постапувањето на Државната комисија за спречување на…