Симовски му одговори на Реџепи: Пописот е спроведен по сите стандарди на ОН и на Евростат
Пописот е спроведен во согласност со сите стандарди што ги пропишуваат Обединетите нации (ОН), а кои ги прифаќа Евростат и апсолутно не гледам никаква можност Уставниот суд да ја прифати иницијативата на пратеникот Скендер Реџепи за оспорување на методологијата на спроведувањето на пописот од 2021 година, дециден е поранешниот директор на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски. Ексдиректорот смета дека иницијативата на Реџепи е од политички интерес. Поентата на иницијативата на Реџепи е дека противуставна е поделбата на населението на резидентно и нерезидентно.
Симовски потсетува дека Законот за попис бил оспорен од Левица пред почетокот на пописот и дека Уставниот суд се изјаснил дека нема никаква основа за такво нешто.
– Тоа што со сигурност го тврдам е дека пописот е спроведен во согласност со сите стандарди што ги пропишуваат Обединетите нации, а ги прифаќа Евростат, а кои се однесуваат на Европа и пошироко. Во овие стандарди што се нарекуваат препораки, точно е дефинирано што е цел на пописот. Нерезидентното население не е задолжителна цел во пописот, затоа што тие лица што не живеат во земјата што врши попис се дел од пописот во земјата во којашто живеат. Во спротивно, би имало двојно попишување и никогаш со точност не би можела да се утврди фактичката состојба. Пописот треба да биде фотографија. Вие или сте на таа фотографија или не сте, не може да бидете и да не бидете. И затоа се прави во даден момент, има критичен момент на пописот, тоа е најчесто на полноќ на соодветен датум и се попишува во тој момент кој бил тука. Тоа е правило што важи за сите земји во сетот – вели Симовски за „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…
МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Нова влада Црна Гора, прва одлука на…
Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…
Во Албанија денеска почнува попис на населението…
Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…
На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…
Според податоците од последниот попис, за десет…