Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од Бугарија, овојпат за директорка на основно училиште!

t

Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање на англиски јазик издадени од јазичното студио „Јулија“ во Пловдив, Бугарија.

Група на граѓани до Инфомакс ја испратија пријавата која ја поднеле до Основното јавно обвинителство Скопје, против директорка на основно училиште во Скопје поради употреба на исправа со невистинита содржина, поточно TOEFL сертификат кој директорката го приложила при назначувањето за директор во училиштето.

Групата граѓани го замолуваат ОЈО Скопје да ја провери содржината и исправноста на сертификатот.

Ова е четврт случај на сомнителен TOEFL сертификат издаден од јазичното студио Јулија од Бугарија, не броејќи го и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Од ОЈО официјално не потврдија дека има таква пријава.

Досега кривична пријава била поднесена против три директорки, од кои до овој момент две признаа дека извадиле лажен сертификат од Бугарија и тоа во судски процес. Ова е четврта пријава за потенцијално лажен сертификат приложен од директор на јавна установа, а секако најеклатантен е случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Инфомакс претходно ексклузивно објави дека јазичното студио Јулија во Пловдив не постои, а објавивме и снимки направени од наш гледач во Бугарија на кои се гледа дека на приложената адреса не постои такво студио. Ниту соседите кои со години работат во зградата на таа адреса или во околината никогаш не слушнале за такво студио кое издава TOEFL сертификати.

Детали прочитајте во текстовите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…

Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…

Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…