Лавров: Русија и Иран ќе потпишат договор за партнерство
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Русија и Иран во блиска иднина ќе потпишат договор за партнерство, со значително внимание посветено на прашањата за одбраната.
Главен фактор за зајакнување на руско-иранските односи ќе биде претстојниот договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Иран. Договорот се подготвува за потпишување во блиска иднина“, рече Лавров за време на говорот на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск.
Тој додаде дека договорот ќе ја потврди желбата на двете страни за поблиска соработка на полето на одбраната и интеракцијата во интерес на мирот и безбедноста на регионално и глобално ниво, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…