Апасиев кон премиерот Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен

t

Контрареплика на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, кон премиерот Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања:

„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот – си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате ад хоминем.
Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас.

Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам?

И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет?
Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате: „Одел Апасиев на одмор во Халкидики”. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата.

Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно Вашата квази-патриотска, бугарофилска партија го брише името Македонија – без обврска од Преспанскиот договор!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…