Објавено на:

Харис и Трамп со завршни пораки во изборната кампања

t

Американската потпретседател Камала Харис го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп како нестабилен и опседнат со одмазда на предизборниот митинг на местото во близина на Белата куќа каде што на 6 јануари 2021 година Трамп им се обрати на своите поддржувачи пред тие да го нападнат Капитол.

Говорејќи во Вашингтон на 29 октомври, додека претседателските избори во САД се во својата последна недела, Харис, кандидатката на Демократската партија на изборите на 5 ноември, го кажа она што нејзината кампања го нарече „завршна порака“.

Харис вети дека ќе биде „претседателка на сите Американци“, додека го етикетираше својот проивкандидат како личност која е „нестабилна, опседната со одмазда, обземена од поплаки и неконтролирана моќ“.

Организаторите рекоа дека на собирот присуствувале околу 75 000 луѓе, иако таа бројка не била потврдена од полицијата или независните набљудувачи.

Некои поддржувачи на Харис стоеја во ред повеќе од седум часа чекајќи го нејзиниот говор во паркот каде Трамп зборуваше пред толпа луѓе да го нападне американскиот законодавен дом Капитол во обид да ги наруши изборните резултати во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…