(Видео) По трагите на „Јулија“ во Пловдив – фирма има, но само на хартија
Газди на компанијата на чие име гласат сертификатите и на директорот на АНБ, но и на две директорки осудени бидејќи сертификатите им биле лажни, се две физички лица – Јулија Иванова Тодорова и Георгиос Христос Трајанос. Нивните имиња се среќаваат во повеќе правни лица во Пловдив. Но, на ниту една од тие адреси не ги најдовме ниту училиштето „Јулија Ко.“, ниту газдите, пренесува 360 степени.
Фирмите кои сега работат на истите адреси на кои работеле Тодорова и Трајанос и нивните комшии тврдат дека парот е отселен во Атина, Грција. Некои тврдеа дека си заминале пред неколку месеци, но други дека не се во Пловдив веќе неколку години.
Во едно училиште за странски јазици во Пловдив ни рекоа дека во градот може да се полага за ТОЕФЛ-сертификат само на едно место, но првпат од нас слушнаа за училиште или центар за полагање со назив „Јулија Ко.“
Патот со автомобил од Скопје до Пловдив, Бугарија, трае околу пет часа, ако не се бројат паузите и задржувањето на граница. А колку ни требаше нам, толку им требало на сите што добиле ТОЕФЛ-сертификат од правниот субјект „Јулија Ко. ДОО“, се разбира, ако приложените сертификати им се вистинити.
Токму затоа и тргнавме за Пловдив. Да провериме дали навистина може да се полага и да се добие ТОЕФЛ-сертификат од субјектот „Јулија Ко. ДОО“. Ако не може сега, дали можело пред две години, кога сертификат зел директорот на АНБ, Бојан Христовски? Но, и каков е коментарот на сопствениците на фирмата за тоа што во нашата земја веќе има пресуди против лица кои станале директори со фалсификувани сертификати издадени токму од „Јулија Ко. ДОО“.
Првата адреса ни беше Централниот регистар на Бугарија. Таму пишува дека фирмата „Јулија КО.“ има двајца газди – Јулија Иванова Тодорова и Георгиос Христос Трајанос.
Името Јулија Иванова Тодорова се појавува и во други правни лица:
Како членка на Управен одбор во Здружението „Медијација БГ“;
Како поранешна сопственичка на фирмата „Азарија“;
Како поранешна членка на Управниот одбор во Здружението „Алијанса за иновативни практики“;
Актуелен член и претседател на Управниот одбор на „Алијанса“ е вториот сопственик на „Јулија Ко“ – Георгиос Христос Трајанос.
Неговото име се јавува и како ко-сопственик на фирмата „Бомакс груп“.
Заеднички елемент за сите овие фирми е што се на две адреси. „Алијанса“, „Азарија“ и „Медијација БГ“ се на улицата „Марица“ број 69. „Јулија Ко.“ и „Бомакс груп“ на „Стефан Веркович“ број 3 во Пловдив.

Извор: 360 степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…