Во Србија протест на вработените во образованието
Вработените во образованието во Србија собрани на протестот пред српското Собрание уште еднаш ја отфрлија понудата на српската Влада за зголемување на платите за 11 отсто и повторија дека нема да се откажат од претходно постигнатиот договор, јави Бета.
Марина Миленковиќ од Образовниот синдикат на Србија на средбата рече дека високото образование никогаш не било тема на дијалог и праша зошто основицата на платите во високото образование е за 14 отсто помала од онаа во основните и средните училишта.
Дијалог за високото образование никогаш не постоел иако неколку категории… добиваат помалку од минималната плата – рече Миленковиќ.
Таа рече дека иако од Министерството за финансии велат дека образованието е голем трошок, треба да знаат дека високото образование е инвестиција во иднината.
Просветните работници се упатија во колона кон Владата на Србија.
Синдикалците го најавија денешниот протест бидејќи понудата на Владата на Србија за зголемување на платите ја сметаат за недостојна за професијата што ја практикуваат и инсистираат платите на просветните работници да бидат еднакви со националниот просек.
Последната понуда на Владата на Србија е платите на сите вработени во системот на предучилишно, основно, средно и високо образование да се зголемат за 11 отсто од 1 јануари 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија протест на вработените во образованието
Вработените во образованието во Србија собрани на…
Земјотрес и во Србија
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според…
Портпаролот на Стејт департментот: Косово и Србија…
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер рече…
„Ти ли мене ќе ме рекетираш!“: Пресметка…
Маж е избоден утрово во кафуле на…
Убиена девојка во Србија, полицијата се сомнева…
Дваесет и тригодишна девојка е убиена во…