(Фото+Видео) Шокантна снимка: Додека Скопје се гуши, градоначалникот на Гази Баба наредил фрлање кабаст отпад на дива депонија и палење на истиот
До редакцијата на Инфомакс пристигна шокантна снимка од настан кој се случил помеѓу Јурумлери и Долно Лисиче во Скопје.
Како што се гледа на видеото и фотографиите вработени во општина Гази Баба со која раководи градоначалникот Боби Стефковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ фрлаат кабаст отпад на дива депонија, а истиот отпад е запален од страна на вработените. Камионите се во сопственост на Јавното Комунално Претпријатие на општина Гази Баба.
Ова е невиден скандал имајќи во предвид дека токму во зимските месеци кога Скопје се гуши поради загадениот воздух токму општините кои треба да го штитат животот и здравјето на граѓаните впрочем го загадуваат воздухот и го ставаат во ризик животот на граѓаните.
Да не заборавиме дека ова лето изгоре околу 10 проценти од вкупниот шумкси фонд со кој располага државата, а токму ваквите постапки беа причинител за голем дел од шумските пожари.
Видеата и фотографиите се јавно достапни па така очекува надлежните органи веднаш да постапат по однос на овој скандал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…