Од понеделник пад на температурата, утра со мраз
Почнувајќи од недела, па во текот на следната седмица, територијата на Балканот, како и на Македонија, ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа. Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опадната за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега.
Во регионот температурите ќе опаднат дури за околу, па и за повеќе од 10 степени.
Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканоот ќе има појава на јаки мразеви, особено на планинските места. Во Македонија ќе има појава на умерени мразеви
Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под -5 степени.
Сè на се, пред нас е многу поладен, но сув период, токму поради ова ви препорачувам доколку излегувате наутро, задолжително со себе да си ја понесете топлата облека, поради тоа што и тоа како ќе ви биде потребна, информира Славчо Попоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…