Нова трагедија: Имало ли пропусти во лекувањето на бебето старо неколку дена, кое почина на Детската клиника?

t

Имало ли пропусти во лекувањето на бебето, старо само неколку дена, кое во петокот почина на Детската клиника во Скопје ?!?!? Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека во соработка со министерството за здравство ќе се изврши надзор, по што јавноста ќе биде информирана. Дека ќе се врши надзор во установите каде бил реализиран тремтамот на починатото бебе за Канал 5 потврдија и од министерството за здравство. Оттаму велат дека согласно информациите од Клиниката за детски болести станува збор за недоносено новороденче со интраутерино страдање и ниска родилна тежина за гестациската возраст, кое било пренесено од Струмица по неколку дена поради инфекција дома, каде што сите членови на семејството биле заболени. Од здравство велат бебето било примено на Клиниката за детски болести во тешка состојба, со дијагностицирана тешка сепса, а ваквите информации за Канал 5 ги посочи и директорот на клиниката Реџеп Мемеди.

„Се работи за прематурно бебе, со интраутерино страдање, ниска родилна тежина за возраста. Донесено од Струмица после неколку дена со инфект дома, сите дома биле болни. Со закаснување донесено во тешка состојба, тешка сепса. Обезбедена е целосна нега и професионална грижа од Оддел за интензивна нега, но за жал кај бебиња со компромитиран имунитет, прематурни, раната сепса има висок степен на смртност.“

Канал 5 стапи во контакт и со струмичката болница, за состојбата во домот и самите родители пријавиле во струмичката болница, каде бебето на осмиот ден било донесено со температура, веднаш било хоспитализирано, биле извршени сите контроли, по два дена состојбата се стабилизирала, но третиот ден од престојот повторно качува температура и од струмичката болница со медицински транспорт велат било пренесено на детската клиника во Скопје во стабилна состојба.

„Имаат они инфект дома и се враќаат 8 миот ден кај нас, високо фибрилно, во една фебрилна состојба, меѓутоа стабилно за цело време. Ние немавме проблеми, со добар рефлекс на цицање, со уредни инфламаторни маркери, и ренген графија кај нас направена уредна, со еден шуб на фибрилност што подоцна последните два дена беше афебрилно е сега третиот ден од престој ни прави повторно шуб некаде 38 со 2 и неонатални затради што ја консултираме клиниката, и бееше препратено со медицински транспорт и екипа на клиника за детски болести, меѓутоа во стабилна состојба без кислородна поддршка афебрилно.“

Од струмичката болница, каде било родено бебето, велат не станува збор за предвреме родено бебе, туку родено било во 38 гестациска недела, со добар апгард и од болница било испуштено во добра здравствена состојба. Ова е втор случај на починато бебе во земјава во последниов еден месец. Пред неколку недели 14 месечено бебе почина на детската клиника, откако, според тврдењата на неговите родители не било навреме хоспитализирано во клиниката за детски болести, па го однеле во болницата Козле. По влошување на состојбата од Козле детето беше вратено на клиниката за детски болести каде почина. Родителите тогаш најавија тужба за клиниката за детски болести. А комисија составена од министерството за здравство потврди дека имало пропусти во лекувањето и во двете болници и транспортот.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова трагедија: Имало ли пропусти во лекувањето…

Имало ли пропусти во лекувањето на бебето,…

Протест пред Владата во Белград по падот…

Во Белград, пред зградата во која се…

Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера…

Европа ќе мора да ја преиспита својата…

Хорор! Мајка пријавила во полиција обид за…

Триесет и петгодишна жена од Скопје со…

Новинарка во Скопје под закани на социјалните…

Во 1:30 часот денеска во Полициската станица…