Увозот на работници во угостителството не даде резултати

t

Увозот на работници ова лето од Непал, Бангладеш и Пакистан не го реши проблемот со дефицитот на кадар во угостителството. Остануваат само по два три месеци во земјава која ја гледаат како отскочна даска за влез во Европа.

Професорот од факултетот за туризам од Охрид, Науме Мариноски смета дека оваа мерка не покажала резултати бидејќи дефицитот на работници е и понатаму се поприсутен. Според Мариноски овој проблем би можел делумно да се реши ако во угостителството се ангажираат работоспособни пензионери кои сакаат да работат. Впрочем вели како во западните држави каде пензионерите и по пензионирањето продолжуваат да работат. А кај нас бидејќи се мали и пензиите, дополнителниот ангажман ќе им носи и дополнителни финансии.

Во меѓувреме на факултетот за туризам бројката на запишани студенти кои би требало да ги пополнат слободните места во струката по завршување на студиите е релативно солидна. Но за жал, и понатаму присутен е трендот младите луѓе откако ќе дипломираат иднината да ја бараат надвор од државава.

Практиката ангажирање пензионери во дефицитарните гранки освен во подалечните европски земји е присутна и на Балканот, најблизу во Србија и Хрватска. Во Хрватска оние пензионери кои сакаат да работат тоа можат да го сторат на пола работно време, а најчесто тоа го прават докторите во пензија. Новите законски измени во Хрватска коишто стапија на сила на почетокот на 2019 година ги отворија вратите за 300 илјади пензионери кои сакаат повторно да се вратат на пазарот на трудот, без притоа да го изгубат правото на пензија.

Во Србија пензионерите работат на редење роба, на враќање на количките во маркетите на приемните пултови. Во земјава пак дел од пензионерите работат како таксисти, обезбедување или пак чувари, а и пензионираните доктори продолжуваат да одат на работа.

Решението сепак според бизнисмените и аналитичарите треба да се бара во системски мерки за задржување на работоспособното население – коишто значат не само повисоки плати туку и поквалитетно образование, битка со корупцијата во пракса а не само на хартија и неселективно судство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Увозот на работници во угостителството не даде…

Увозот на работници ова лето од Непал,…

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува…

-Ние имаме кривично гонење по предлог на…

Стружанец најден мртов во мотел во Ѓорче…

Вчера во 16.48 часот во СВР Скопје…

Медведев: Трамп не може да го сопре…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Воен ветеран со години води институционални битки…

71 годишниот Никос Селемидис, активен учесник во…