Немало никакви преговори велат Бугарите: Технички бил состанок за изградбата на Коридорот 8 во Софија
На 31 октомври 2024 година се одржа однапред планиран технички состанок помеѓу генералните директори на претпријатијата за железничка инфраструктура на Република Бугарија и Република Северна Македонија. На средбата се разговараше и беа разјаснети само технички прашања околу доизградбата на прекуграничниот тунел Деве Баир, како и потребата од избор на еден изведувач за целиот објект, стои во соопштението на бугарското Министерство за транспорт и врски објавено вчера, на официјалниот сајт на институцијата, јавува Трибуна.
Целта на разговорите што се одржаа во Софија беше да се утврдат конкретни мерки и активности за забрзување на изградбата на железничкиот Коридор VIII и вистинско завршување на железничкото поврзување меѓу двете земји.
ЕК и инволвираните европски финансиски институции се запознаени со сите прашања за кои се разговараше на состанокот.
Генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Република Бугарија нема овластување да преговара или да презема политички обврски.
Бугарската страна уште еднаш јасно го изразува својот категоричен и непроменет став за важноста на Коридорот VIII и своето цврсто убедување за неопходноста од негова изградба во рамките на веќе утврдените параметри.
Од објавените соопштенија во Република Северна Македонија, уште еднаш станува јасно дека технички состанок се користи за испорачување политички пораки.
На 1 ноември 2024 г. Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија преку соопштение до медиумите информираше дека се прифатени трите наши барања за продолжување на пругата кон Бугарија.
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски на состанокот кој вчера (31.10.2024 г.) се одржал во Софија меѓу делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување барањата од наша страна биле прифатени. Имено станува збор за заедничкиот проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, потоа Бугарија да го заврши својот дел од пругата, и да се ревидира цената која е е превисока.
– Трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект.
По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач. Ова беше заклучено на состанокот во Софија помеѓу македонската и бугарската делегација, а во однос на преговорите за железничко поврзување меѓу двете земји со посредство на Европската Унија – се нагласува во соопштението испратено до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Немало никакви преговори велат Бугарите: Технички бил…
На 31 октомври 2024 година се одржа…
(Видео) Тинејџерка преживеала, па отишла во манастир:…
Убавата девојка со наочари се гушкала на…
Силен земјотресод 5,3 степени го погоди Солун,…
Земјотрес со јачина од 5,3 степени по…
Минута молчење на стадионот во Белград во…
Фудбалерите на Црвена звезда и Војводина го…
23-годишниот осомничен за убиството и ранувањето во…
Еден од двајцата браќа кои го застрелаа…