(Фото) По подолга пауза во јавноста се појави Сашо Мијалков

t

Екс директор на УБК Сашо Мијалков по подолга пауза се појави во јавноста и тоа во друштво на своето семејство во родното Штип.

Присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“, која што се наоѓа веднаш до новата зграда на Музејот на револуционерната борба во Штипско Ново село.

На денешното осветување на црквата „Св. Димитриј“, кое што беше извршено од страна на Поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан, тој присуствуваше заедно со брат му Влатко, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата.

Црквата „Св. Димитриј“ располага со богат фрескоживопис и голем број икони на светецот и останатите светци, а почна да се гради пред 12 години под ктиторство на браќата Мијалкови, чија семејна куќа се наоѓа во непосредна близина на овој црковен објект.

Новата црква „Св. Димитриј“, посветена на прочуениот македонски светец, Димитрија Солунски од 4. век, е дел од планот на споменици на културата заштитени со закон и, како што велат од Општина Штип, за обновување на сите стари, а позначајни историски објекти и дел од програмата за реставрација на старите куќи на жителите од оваа историска населба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…

Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…