Објавено на:

Целото население на северот од Газа е под смртна закана

t

Раководителката на Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, предупреди дека палестинското население на северот од Газа се соочува со непосредна опасност од смрт поради болести, глад и продолжено израелско бомбардирање.

Во соопштението објавено синоќа, Расел тврди дека во последните 48 часа повеќе од 50 деца биле убиени во Џабалија, најголемиот бегалски камп во Појасот Газа.

Израел значително ја ограничи помошта за Газа во октомври, дозволувајќи само една третина од хуманитарната помош што претходно влегувала.

„Цивилите и цивилните структури, вклучително и станбените згради, и хуманитарните работници и нивните возила мора секогаш да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право“, рече Расел.

Таа додаде дека „наредбите за раселување и евакуација не дозволуваат ниту една страна во конфликтот да ги смета сите поединци или предмети во областа за воени цели, ниту пак можат да ги изземат од обврската да прават разлика помеѓу воени и цивилни цели, да бидат пропорционални и да преземат се изводливи мерки мерки на претпазливост при напади“.

Расел процени дека овие принципи не се почитуваат и дека десетици илјади деца се убиени, ранети и лишени од основните услуги што им се потребни за да преживеат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…