Молдавија: Кандидат на проруската партија во тесно водство
Кандидатот поддржан од проруските социјалисти Александр Стојаногло води во вториот круг од претседателските избори во Молдавија пред актуелниот пророманската и проевропски претседател Маја Санду, покажаа делумните резултати од изборната комисија во неделата вечерта.
По пребројувањето на 90 отсто од гласовите поранешниот јавен обвонител доби 50,81 отсто, а Санду 49,19 отсто.
Поддржувачите на претседателката Санду која се кандидира за втор мандат, се надеваат дека конечниот резултат сепак може да се промени, особено со гласовите од дијаспората, кои во првиот круг на само неколку проценти до крајот на пребројување на гласовите нејсасно како донесоа голем пресврт и големо нејзино водство.
Советникот за национална безбедност на претседателката претходно во неделата изјави дека молдавските власти „се сведоци на огромно мешање“ наводно од Русија во вториот круг од претседателските избори. Москва, пак, ги отфрли таквите обвинувања и посочи токму на крајот од пребројувањето на гласовите од дијаспората во првиот круг, кога на помалку од проестанатите 3 проценти од гласовите Санду доби голема предност, а на референдумот за ЕУ во кој противниците на евроинтергациите водеа одеднаш со многу тесно воство победи европската опција.
„Напори со висок потенцијал за извртување на исходот (на изборите)“, напиша Станислав Секриеру на X, мислејќи на наводното руско мешање.
Санду не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство во првиот круг од гласањето пред две семица, која освои 42,45 отсто од гласовите, водејќи меѓу вкупно 11 кандидати. Нејзиниот најголем ривал е поранешниот јавен обвинител Александр Стојаногло, од покраината Гагаузија, кандидатот на традиционално силната Социјалистичка партија на прорускиот екс-претседател Игор Додон од одметнатиот регион Придњестровје. Тој во првиот круг освои 25,98 отсто од гласовите.
Како и во првиот круг пред гласањето молдавските власти на социјалните мрежи ги блокираа сите профили на медиуми и организации и изворите на интернет за кои рекоа дека наводно содржеле дезинформации, објавија дека наводно откриле програма во Русија за обука на Молдавците да организираат масовни немири и отвориле кривични случаи против сојузниците на опозицискиот проруски челник Илан Шор кој, како што тој тврди, поради политички прогон замина во егзил во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија: Кандидат на проруската партија во тесно…
Кандидатот поддржан од проруските социјалисти Александр Стојаногло…
Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател
Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка…
Вардар и натаму тоне… Изгуби и од…
Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дербито…
(Видео) Снег падна во Саудиска Арабија, неверојатни…
Според државната агенција СПА, од средата врне…
Трамп повторно со шокантна изјава: Не требаше…
„Денот кога заминав ја имавме најбезбедната граница…