Пет лица повредени откако Русите погодија супермаркет во центарот на Харков
Русија изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на областа Харков, Олех Синјехубов.
Бомба падна врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади врз населени места.
Синјехубов, исто така, рече дека руската армија удрила станбена зграда во Кившаривка, мал град источно од Харков. Во тој напад е повредено едно лице, но се стравува дека многу луѓе се заробени во урнатините. Гувернерот на регионот Харков додаде дека континуираното гранатирање од руска страна создава дополнителен проблем за спасувачките сили на теренот.
Последниот голем напад на Харков го изврши Русија на последниот ден од октомври, кога беше погодена станбена зграда, при што загина 11-годишно дете, а тешко и полесно беа повредени најмалку триесетина луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…