Се исплати ли да се прави домашен ајвар или “поевтино“ е да се купи?
Во тек е сезоната на правење ајвар, па на социјалните мрежи се отвори вистинска дебата околу тоа дали домашно приготвен ајвар кој се продава „онлајн“ по цени од 400 па и над 600 денари за една тегла е скап и дали е поевтино тој да го приготвувате сами.
Гевгеличанец на социјалните мрежи сподели пресметка:
„Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пиљара или на пазар цените би биле – пиперката 60-90 денари килограм, модриот патлиџан 20-30 денари килограм.
Што значи, вие од самиот старт вложувате од 2.500 do 5.000 денари, зависи до цените – само за пиперки и модар патлиџан.
Додадете уште 500 денари за зејтин и сол.
Дрвата исто така не се бесплатни.
За таа количина ќе направите околу 15-20 тегли ајвар.
За да го направите ајварот потребни ви се најмалку два дена, доколку сами го правите. Автоматски тоа е како трошок три илјади денари.
Што значи 6.000-8.000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.
Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте добиле од 2.000 до 4.000 денари максимално за вашата макотрпна работа – два дена што сте работеле.
Ова ви е детален опис за оние што зборуваат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари тегла.“ пишува тој социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…