Се апсеа дилери низ Скопје, повеќето се млади мажи
И во изминатото деноноќие апсење за дрога низ цело Скопје. Се апсеше на Водно, на Бит Пазар, во Центар, Шутка и Волково.
Денеска (04.11.2024) во 00.05 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 03.11.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(22) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
– На 03.11.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 03.11.2024 во 20.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(21) од с.Волково затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
– На 03.11.2024 во 08.30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…