„ИМА СЕ ПОВЕЌЕ СЕВЕРНОКОРЕЈЦИ, А НИКОЈ НЕ И ПОМАГА НА УКРАИНА“: Зеленски повторно се пожали, бројот на руски сојузници расте
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 11.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили кои навлегле на таа гранична територија.
– Во Курската област веќе има 11.000. Гледаме зголемување на бројот на Севернокорејци, но не и зголемување на реакцијата на нашите партнери“, рече Зеленски вечерва во своето секојдневно обраќање.
Зеленски, кој постојано зборуваше за пристигнувањето на севернокорејските војници, бара од своите сојузници да и помогнат на Украина пред севернокорејските трупи распоредени во Русија да пристигнат на бојното поле.
Белата куќа минатиот четврток соопшти дека околу 8.000 севернокорејски војници сега се во руската област Курск во близина на границата со Украина и се подготвуваат да му помогнат на Кремљ во војната против Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…