Радев ќе го свика Народното собрание на 11 ноември, Борисов ја бара спикерската фотелја за ГЕРБ

t

Претседателот на Бугарија Румен Радев во понеделник – 11 ноември го свикува 51. Народно собрание во кое од вкупно 240 пратенички места, најмногу, 69 освои партијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов.

Радев изјави дека им дава дополнително време на партиите за разговор за конституирање на Собранието.

-За да не бидеме сведоци на вакви понижувачки сцени поврзани со изборот на спикер, ќе го свикам Народното собрание за една недела, во понеделник на 11 ноември, рече Радев.

Претседателското столче во бугарското собрание го очекува победничката партија на Борисов кој пак веројатно е дека ќе биде мандатар на идната бугарска влада, но неизвесно е дали ќе успее да состави стабилна коалиција која ќе ја води земјата во наредните 4 години, бидејќи втората партија по број на освоени места во парламентот ПП-ДБ на Кирил Петков категорично ја отфрли оваа намера на Борисов.

-Со изборот на претседател на Народното собрание ќе се одлучи дали воопшто ќе се понудат консултации или воопшто ќе се влезе во мандатот. Ако прават ујдурми – нема да учествуваме во разговори, изјави Борисов на брифинг со новинарите.

Борисов додаде дека од поддршката која во парламентот ќе ја добие нивниот кандидат за спикер ќе се види дали партиите ПП-ДБ, ДПС – Нов почеток, Преродба, ИТН кои се кандидати да влезат во владата на ГЕРБ го почитуваат гласот на народот.

-Против мене се води предизборна агитација. Јас може и да не бидам премиер, но ГЕРБ не сака никаков компромис до ПП-ДБ, а ДПС се друга работа. Со ПП-ДБ нема да има никаков компромис на ниту една тема, дециден е Борисов која ја отфрли идејата на ПП-ДБ за премиер еднакво оддалечен од партиите кои би формирале влада.

Друга опција е Бугарија да оди директно на избори со јасна свест дека и овие осми избори ќе го имаат истиот резултат, потенцираше претседателот на ГЕРБ.

Вчера коалицијата „Продолжување на промените-Демократска Бугарија“ одлучи да поднесе жалба до Уставниот суд на Република Бугарија со цел да се направи сеопфатна проверка на изборните резултати во секој од деловите и, како резултат на оваа проверка, да одлучи дали има потреба од нов состав на парламентот.

-Сметаме дека „ДПС-Нов почеток“ влезе во парламентот со нелегитимни гласови, затоа нашиот предлог до ГЕРБ и до сите партии беше јасно формулиран, бидејќи велиме дека оваа партија влезе нелегитимно, сакаме да биде изолирана во однос на правењето на важни одлуки за државата, појасни Денков. Прашањето кое беше поставено и пред ГЕРБ како една од партиите беше дали ќе го изолираат ова нерегулирано гласање или не. Одговорот што го слушнавме денеска беше „не“, ГЕРБ ќе работи со „ДПС-Нов почеток“, коментираше Николај Денков на прес конференцијата.

Кирил Петков инсистираше на тоа дека ГЕРБ мора да донесе одлука – дали може да се отцепи од Пеевски или не.

-Ако може – да ја поддржи декларацијата, ако не може – нека знае. Со оваа декларација не сакаме да го собориме Бојко Борисов, сакаме да го кренеме. Одлуката што тој и неговата партија мора да ја донесат е Бугарија или Пеевски. Дури по оваа одлука може да се зборува за избор на претседател на Народното собрание, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев ќе го свика Народното собрание на…

Претседателот на Бугарија Румен Радев во понеделник…

Се пренасочува сообраќајот на патот Скопје –…

АМСМ информира дека сообраќајот на магистрален пат…

Дронови и снајперисти на готовс за пребројувањето…

Жилет жица, дебела црна метална ограда, детектори…

ПУТИН НАЈАВИ: Целосно ќе го исчистиме Курскиот…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е…

„ИМА СЕ ПОВЕЌЕ СЕВЕРНОКОРЕЈЦИ, А НИКОЈ НЕ…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…