Премиерот на Србија ја прифати оставката на Весиќ: Очекувам уште во наредните денови!

t

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ја прифаќа оставката на министерот за градежништво, Горан Васиќ по трагедијата во Нови Сад, но нагласи дека целата работа не може да заврши само со таа оставка и дека очекува повеќе. Вучевиќ нагласи дека неговата одлука е „чин на сериозен човек“.

„Свесен е дека кога ги извршувате најважните државни функции имате и товар на одговорност. Не се сомневам дека субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад“, нагласи Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи е началник на тој сектор, пренесува „Блиц“.

„Од друга страна, а претходните денови имавме неколку телефонски разговори, со благодарност ќе ја прифатам неговата оставка за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада. Не можам да кажам дека не ја направи својата работа, но во политиката има одговорност за работи за кои не се ваша лична вина, ја разбрав неговата порака и оставката“, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека би било нелогично се да заврши со оставка на Горан Весиќ.

„Ќе дадеме уште 24 часа да видиме дали тие што беа надлежни за одредени прашања, а за одговорноста за која зборуваме, ќе се сетат на себе. Очекувам оставки во наредните денови“, рече Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Србија ја прифати оставката на…

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ја…

Филипче: Да се укине ДДВ на храната,…

СДСМ со измени на Закон бара укинување…

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се…

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот…

Радев ќе го свика Народното собрание на…

Претседателот на Бугарија Румен Радев во понеделник…

Се пренасочува сообраќајот на патот Скопје –…

АМСМ информира дека сообраќајот на магистрален пат…