(Видео) Хаос во Нови Сад – Демонстрантите се судрија со полицијата
Маскирани лица се обиделе насилно да влезат во Градското собрание, а полицијата набрзо употребила солзавец.
Луѓето кои биле во близина на влезната врата потоа се оддалечиле од влезот на Градското собрание. Некои маскирани луѓе во толпата фрлаа петарди и факели кон Собранието.
Опозициските советници застанаа пред влезната врата за да влезат внатре за да ги предадат барањата на протестот. Веднаш после тоа, се насобраа и граѓаните кои фрлаа и со камења и со црвена боја.
Внатре во зградата имаше полициски кордон, кој ги растера демонстрантите со солзавец.
На протестот кој започна на плоштадот пред железничката станица во Нови Сад поради трагедијата во која животот го загубија 14 лица, организаторите ги повикаа илјадниците учесници да ги вклучат светилките на мобилните телефони.
Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од трагедијата, а потоа беа прочитани нивните имиња. Дел од учесниците на протестот носеа фотографии од оние кои загинаа при падот на настрешницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…