(ВИДЕО) Демонстрантите во Нови Сад истурија фекалии врз Градското собрание: „Нека го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“

t

Како што јавуваат српските медиуми, за време на протестот, се случиле неколку инциденти. Имено, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“.

Неколку илјади луѓе, денеска нешто по 18 часот, започнаа протестна прошетка низ централните улици на Нови Сад кон Градското собрание, барајќи одговорност од властите за смртта на 14 лица во уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.

Како што јавуваат српските медиуми, за време на протестот, се случиле неколку инциденти. Имено, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“.

„Можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“,изјавила една учесничка на протестот.

Демонстрантите претходно се обиделе да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

Маскирани лица фрлале камења, шишиња и метални кофи кон просториите на владејачката партија СНС

Еден од демонстрантите, Игор Ковачевиќ, за Н1 изјавил дека циглите кон просториите на СНС не ги фрлале демонстрантите, туку маскирани момчиња.

Протестите во Нови Сад, по повод смртта на 14 лица по падот на натстрешницата, се во полн ек, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно се огласи на Инстаграм. Тој ги нарече протестите „насилни протести против државата Србија“.

На протестот се бара утврдување на кривична и политичка одговорност за несреќата и оставка од српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…