Објавено на:

Закани за бомби кои и се припишуваат на Русија накратко го попречија гласањето во САД

t

Лажни закани за бомби кои се припишуваат на руските операции за дестабилизација беа испратени денеска до некои избирачки места во САД, што накратко го попречи гласањето во Џорџија, една од клучните американски држави за претседателските избори, соопштија американските власти.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека знаело за заканите со бомби на избирачките места во неколку држави, „од кои некои се чини дека потекнуваат од рускиот интернет домен“.

„Ниту една од овие закани досега не се смета за веродостојна“, се вели во соопштението на ФБИ, во кое не е прецизирано за кои земји станува збор.

ФБИ ја повика јавноста да ја пријави секоја сомнителна активност до органите на прогонот.

Официјалниот одговорен за изборите во Џорџија, Бред Рафенспергер, од своја страна, потврди дека изворот на лажните закани за бомби во таа држава „е идентификуван и дека тоа е Русија“.

Полицијата и општинските службеници во округот Фултон, главниот град на Џорџија Атланта, пријавија серија вакви инциденти што резултираа со кратко затворање на гласачките места.

Американските власти постојано предупредуваа во последниве недели за обидите за дезинформации на „руските агенти на влијание“, особено во Џорџија.

Во САД денеска се одржуваат претседателски избори на кои кандидати се Камала Харис од Демократската партија и Доналд Трамп од Републиканската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…