Честитки за победата на Трамп пристигнаа и од Мицкоски
Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.
Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.
Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.
Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.
Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ! стои во објавата на македонскиот премиер Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Прегазен пешак во Гостивар
МВР информира дека вчера попладне околу 15.15…
Цените на нафтата растат поради прекинот на…
Цените на нафтата денес малку пораснаа откако…
СДСМ предлага 12 закони од изборните ветувања…
Пратениците од СДСМ и коалицијата, денеска поднеле…
Европската Унија ќе ја затвори канцеларијата на…
Брисел барал од МОН И Националната агенција…