(Видео) Брука… Кривична за кочанскиот началник за криминал, не плаќал патарина
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик.
-Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици. Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта” доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација, информираат од МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…