Официјално! Трамп е 47-от претседател на САД!
Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47. претседател на САД.
Откако беше објавено дека победил и во Висконсин и Алјаска, Трамп го надмина прагот на 270 освоени електорски гласови и официјално го потврди своето враќање во Белата куќа, што ќе се случи во јануари.
Додека се чекаат резултатите од уште пет сојузни држави, Трамп засега има 279 електорски гласови, а Камала Харис 223 и до крајот на броењето гласови исходот нема да може да се промени.
Трамп веќе одржа победнички говор во Флорида, во кој кажа дека доаѓа златна доба за Америка и дека ќе ги заврши војните.
Со 78 години, Трамп е најстариот избран претседател во историјата на САД и само втор кој се вратил во Белата куќа откако претходно бил поразен. Пред него, тоа му успеало само на Гровер Кливленд, кој бил претседател од 1885 до 1889 и потоа од 1893 до 1897. Трамп нема да може повторно да се кандидира, зашто американските претседатели се ограничени на два мандата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…