Идната еврокомесарка за проширување: Очекуваме Македонија ги спроведе уставните измени како што вети
Кандидатката за нов комесар за европроширување и соседска политика, Марта Кос денеска порача дека Македонија мора да ја исполни преземната обврска за спроведување на уставните измени, но, исто така нагласи и дека билатералните прашања и спорови не треба да бидат дел од процесот на проширување.
-Одговорот е јасен. Очекуваме С. Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку. Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Оттука, очекуваме владата на С.Македонија да го исполни ова барање, рекла таа за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура, одговарајќи на прашања од бугарските европратеници.
Според неа, решавањето на билатералните прашања ќе биде нејзин приоритет.
-Она што јас го гледам, а тоа ќе биде моја работа ако бидам потврдена за еврокомесарка, јас и моите колеги ќе направиме се што можеме за да не увезуваме билатерални прашања во процесот на проширување. Но, имаме ситуација како во вашата земја кога сево ова е дел…, посочила Кос.
Додала дека е изводливо до крајот на нејзиниот мандат најмалку две земји да ги завршат пристапните преговори со Европската унија.
Таа изјавила дека Црна Гора би можела да ги затвори сите поглавја до крајот на 2026 година, а Албанија може да го направи тоа до 2027 година.
-Мислам дека ова е огромен успех. Сепак, мора да следат активности, рекла идната комесарка за проширување.
Кос се осврнала на поранешната заедничка држава како доказ дека добро го познава регионот на Западен Балкан. Таа пред европските претставници потврдила дека ќе се погрижи патот кон влезот во ЕУ да остане целосно заснован на заслуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Идната еврокомесарка за проширување: Очекуваме Македонија ги…
Кандидатката за нов комесар за европроширување и…
Извештај на ЕК: Намален број на ученици,…
Трошоците за образование и обука минатата година…
Писонеро: Политичките сили во Северна Македонија да…
Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи…
Фон дер Лајен: Србија е една од…
Србија е една од најнапредните земји во…
Вучиќ и Фон дер Лајен: Србија го…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката…