Членовите на избришаното здружение „Ванчо Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур

t

„Здружението културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола е избришано од Централниот регистар во Македонија, но духот на Иван Михајлов живее во народот, а во судот на државата се води правна битка за враќање на ова име“, изјави за бугарските медиуми основачот на сега веќе згаснатиот бугарскиот клуб, Љупчо Георгиевски.

Управниот суд во земјава ја одби жалбата на членовите на клубот, која во рок од неколку дена ќе биде поднесена до Врховниот управен суд во земјава, што е последна судска инстанца од националното законодавство.

Меѓу аргументите на адвокатот на македонските Бугари, Насер Рауфи, според бугарската агенција „БТА“, е и одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур од 2009 година. Тогаш како кршење на правото на здружување беше оценета одлуката на Скопје да го прогласи Здружението на Бугарите „Радко“ за неуставно. Во одлуката на судот во Стразбур се наведува дека името на здружението „Радко“, псевдоним на Иван Михајлов, не може да биде ризик и закана за јавниот ред.

Рауфи истакнал дека по завршување на сите судски постапки во Северна Македонија, жалбата на клубот „Иван Михајлов“ ќе биде поднесена до Судот во Стразбур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ