Објавено на:

Путин за прв пат за американските избори: Му честитам на Трамп, подготвен сум да контактирам со него

t

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.
Путин рече и дека е подготвен за контакт со Трамп.
Како што рече, не му е проблем самиот да му се јави.
Тој посочи дека заслужуваат внимание изјавите на Трамп за време на изборната кампања во врска со обновувањето на односите со Русија.
„Можете да го погледнете Трамп на различни начини, но тој е храбар човек, неговото однесување во моментот на атентатот е доказ за тоа“, рече рускиот претседател и додаде дека тоа му оставило силен впечаток.

Тој оцени дека Трамп во првиот мандат се плашел да не направи непотребен чекор или да каже нешто непотребно.
„Што ќе прави во вториот мандат се уште не е познато. Но, неговите изјави за неговата намера да ги обнови односите со Русија и да стави крај на конфликтот во Украина заслужуваат внимание“, рече Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…