Џамбаски влета со демонстранти во театар за да спречи претстава со Џон Малкович текстот на претставата бил антибугарски
Синоќа стотици граѓани го блокираа влезот на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, а дел од нив влегоа во зградата и се конфронтираа со директорот Васил Василев и со продуцентот на претставата во која игра холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружје и човекот“.
Малкович настапи со претстава заснована на текстот на Бернард Шо, познат како пародија на национализмот и империјализмот.
Според бугарскиот портал Факти, Малкович изјавил дека не го разбира бугарскиот јазик и дека не може да го сфати проблемот.
Демонстрантите тврдат дека претставата е навредлива за Бугарите, претставувајќи ги бугарските војници и народот на негативен начин за време на српско-бугарската војна од 1885 година.
Тие сметаат дека претставата е навреда за националните и христијанските вредности и дека Василев дозволил таква содржина.
За време на инцидентот, очилата на актерот Владо Пенев биле скршени, директорот на театарот завршил со искината кошула и вратоврска, а пред театарот бил нападнат познатиот режисер и сценарист Тео Ушев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…