АРМ ги очекува првите Страјкери
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.
На брифингот присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
-Модернизацијата на Армијата е согласно предвидените планови, се прават подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker. Согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана.
Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година.
На овој брифинг му претходеше еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4-та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од Гази Баба утре ќе остане…
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…
Фолксваген испадна од водечкиот европски берзански индекс…
За прв пат во последните 15 години,…
Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод –…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна…
Од полноќ големо поскапување на дизелот
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…
ДЖИС: Немаше загадување од големите индустриски капацитети…
Државниот инспекторат за животна средина (ДЖИС) вели…