Реакција на Ампева на предлогот за укинување на „недела-неработен ден“: Феудализам во 21. век?
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) бара да се укине „недела-неработен ден“ за на тој начин да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време.
Активистката за работнички права Кристина Ампева бурно регира во интерес на работниците.
– Да се укине недела неработен ден, а младите ќе се врателе назад во Македонија. Оти младите сакаат да работат од понеделник до недела, оти младите немаат живот, треба да работат од јутра до сутра за вашите одмори, вили и луксузи, и на крај на година дај му К15, 1000 денари! Како бе ти текна вака паметна работа? Како бе вакви изјави давате, па после Цацко ви е крив што народот избега по белиот свет? – праша таа јавно на својот фејсбук профил.
– До каде со вакви заостанати и феудалистички изјави? – додава Ампева.
Таа алудира на зголемување на продуктивноста, модернизација, автоматизација, инвестиции, лојална конкуренција, борба против сивата економија, покачени плати и подобрени услови за работа, синдикално организирање.
– Не бе они, недела ќе ја правеле работен ден! Додека сум јас жива и здрава, нема никој да бутка закон за кој сум се изборила да го донесам и функционира! Толку! – децидна е Ампева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…