„Тастатурата ја заменив со политика затоа што сакам да направам нешто за спортот“
Борко Ристовски, министерот за спорт во „Дејли Клик“ на ТВ21 одговори на прашањето зошто се одлучил да влезе во политиката, наместо да продолжи како тренер, скаут, спортски директор…
„Одлучив да направам промена. Се одлучив наместо да седам пред компјутер и да коментирам, што го правев порано, директно да се вклучам во политиката. Товарот кој што го носам како министер е голем, затоа што сето она кое сум го критикувал во минатото, сега треба да се исправи. Јас си го рушам мојот комодитет за да пробам да направам промени, и јас сум сигурен дека ќе се видат промените во спортот. Јас немам друг избор освен да успеам во тоа“, рече Ристовски.
ТВ21: Каде е полесно? Во дрес или во сако?
„Сосема е различно едното од другото. Во дресот завршува натпреварот и потоа имаш цел ден да одмориш. Во политиката не е така. Цело време има некоја нова работа. Нема работно време тука, цело време работиш за доброто на државата“, рече Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…