ОПОЖАРЕНО БМВ ВО ОХРИД; Пожарникарите не можеле да припарат, паркирани возила им го попречиле патот
Автомобил „БМВ“ сопственост на М.Г., синоќа беше целосно опожарен во Охрид.
Од охридската полиција потврдуваат дека пријава за опожарено возило добиле утрината околу 3 часот. По увидот и насоките од обвинител ќе се утврдуваат причините за опожарувањето.
Од противпожарната единица во Охрид преку социјалните мрежи информираа дека имале тежок пристап до запалениот автомобил поради несоодветното паркирање на возила.
„Ноќеска нешто по 01:30 ТППЕ Охрид прими дојава за запалено возило во стар дел на град, на тешко пристапен терен. Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош“, велат од ТППЕ Охрид.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
фото: ТППЕ Охрид – Пожарна
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…