„Српска крвава свадба“: Младоженец со пушка ранил седуммина сватови

t

Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина, на чија свадба во инцидент со пукање биле ранети седум луѓе, е приведен и задржан до 48 часа, јавуваат локалните медиуми.

Според неофицијални информации, младоженецот, кој има само 26 години е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и кривично дело загрозување на сигурноста.

Иако првичните информации беа дека инцидентот се случил при изведување на обичајот за пукање во јаболко на свадбата, сознанијата од од истрагата покажуваат дека тоа не било случај, туку дека младоженецот невнимателно ја држел и ракувал со пушката, по што таа испукала.

Гостите на свадбата наводно биле ранети од парчиња сачма кои се распрснале откако удриле во бетон.

Сите детали за инцидентот и натаму се истражуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…

Македонската партија во Србија застана зад Студентската…

Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…