Драма во Турција: Авионот не можел да слета поради мистериозен објект на небото

t

Авионот СанЕкспрес на летот Анталија-Ван бил пренасочен кон Дијарбекир поради неидентификуван објект кој се појавил на небото над Ван.

По полетувањето од Анталија во петокот во 17:05 часот, патничкиот авион морал да ја промени маршрутата откако добил предупредување од контролната кула при слетувањето во Ван, пренесе Ган Хабер.

Патниците во авионот, кој според упатствата на контролата на летот слетал на аеродромот во Дијарбакир наместо на аеродромот во Ван, за ситуацијата биле информирани од кабинскиот екипаж.

По тој инцидент, екипите на Одделот за воздухопловство на полициската управа Ван извршија детално скенирање на воздушниот простор со помош на дронови против можна безбедносна закана.

Меѓутоа, за време на опсежното истражување, наводно не бил пронајден никаков предмет на небото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…

Со оглед на интересот на јавноста во…

Укинати забраните за тешки товарни возила на…

Од 13:00 часот се укинуваат забраните за…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…