Сирски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија

t

Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал Олександар Сирски, изјави дека „Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија“ додека руските сили напредуваат на фронтот и војниците од Северна Кореја се подготвуваат да се приклучат на воената операција на Кремљ.

„Ситуацијата е сè уште предизвикувачка и покажува знаци на ескалација. Непријателот, користејќи ја својата информативна предност, продолжува со офанзивните дејства и ги фокусира своите напори на правците на Покровск и Курахов“, му порача вчера Сирски преку Фејсбук на командантот на американската воена команда во Европа, генерал Кристофер Каволи, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето синоќешно редовно обраќање до јавноста рече дека командантот на украинската армија е фокусиран на одбраната околу градот Курахово, кој е една од целите на руските напади, и Покровск, логистичкиот центар на северот на земјата.

Тој ги осуди нападите врз цивилни цели и ги повика европските земји да обезбедат повеќе противвоздушни системи за украинската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…