(Видео) Салиу: Не е непотизам тоа што внук ми е заменик-директор на ДЗС

t

Прво не живемее во иста заедница со внукот Кашмир Салиу, а второ апсолутно дискриминирачки би било да не можат моите внуци да се вработат само затоа што сум бил пратеник или сега министер, вели во интервјуто за радио Слободна Европа, министерот без ресор Шабан Салиу.

Дали тоа што вие сте министер, а вашиот внук е заменик директор во дирекцијата, може да се гледа како непотизам?

Апсолутно, не, од прости причини што ние не живееме во иста заедница. Значи не би било во ред и би било срамот и на државата, и тоа би било остра дискриминација, доколку моите, ние сме голема фамилија, имам четири сестри и еден брат, имам повеќе од 23-24 внуци, од кои 12 имаат завршено факултети, магистри се, па и на докторски студии и така натаму, и би било некоректно и нечесно и апсолутно дискриминирачки моите внуци поради мене никаде да не работат, да седат дома.

Таков е случајот со мојот син кој има завршено два факултета и е магистар и има завршено уште една академија за посебно цртање, мислам графика се вика, и е без работа. Нема ниту еден ден работен стаж. Зошто? Затоа што јас што сум бил пратеник и затоа што сум бил директор или затоа што сега сум министер. Нели не е фер?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…