Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и многу нереализирани ветувања
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја манипулира јавноста и ние ќе продолжиме да укажуваме на сите неисполнети ветувања дадени пред изборите кои сега гледаме дека не ги почитува. Гледаме катастрофален почеток на владеењето, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во дневникот на Сител телевизија.
-Денот се познава по утрото и гледаме еден катастрофален почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и многу нереализирани ветувања. Пред избори Мицкоски велеше дека Договорот од Преспа не е завршена работа сега вели дека е ремек делот на дипломатијата. Ако е ремек дело зошто го критикувавте? Исто така велеше дека ќе обезбедат промена на Преговарачката рамка, сега гледаме дека не се случува. За неисполнетите ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните, за променетите ставови и манипулацијата којшто ја направија СДСМ и понатаму ќе ја критикува власта, рече Спасовски.
Од друга страна рече Спасовски, СДСМ покажа иницијативност и понуди законски решенија во Собранието но и поддржа дел од законските решенија понудени од власта.
-СДСМ за законски решенија коишто смета дека се добри за граѓаните дава поддршка, таков беше примерот со пензиите, вториот момент е усвојувањето на Националната стратегија до 2044 година, којашто ја донесовме едногласно. СДСМ поднесе Законот за минимална плата и Законот за укинување на ДДВ за производите за храна. Но мнозинството не ги поддржа. Јас не очекувам поддршка и во иднина од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.
Владата нема план ниту за економијата ниту пак за судството и за европската иднина на земјата, додаде Спасовски потенцирајќи дека за да има консензус владата треба да достави конкретен предлог.
-Досега видовме дека Владата нема никаков план за ништо. Разговараме за ЕУ- нема план, за судство – нема план, за економија -нема план. Без план не може да се оди напред. Мора да дојде предлог од стана на Владата, од Мицкоски, да биде понуден пред сите политички партии и пред јавноста, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…