Објавено на:

Додик: Телефонскиот разговор на Вучиќ со Трамп е одлична вест за целиот регион

t

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека телефонскиот разговор меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е одлична вест за целиот регион на Западен Балкан.

„Вучиќ потврди дека е неприкосновен лидер на регионот кој се залага за мир, стабилност, разбирање и развој, не само на Србија, туку и на целиот Западен Балкан. Затоа разговорот меѓу претседателот на Србија и новиот претседател на Америка е одлична вест за целиот наш регион“, напиша Додик на мрежата Х.

Тој додаде дека синоќа телефонски разговарал со Вучиќ, кој го информирал за разговорот што го имал со новоизбраниот претседател на САД.

Вучиќ претходно изјави дека имал „одличен, суштински и многу срдечен разговор со Трамп“.

Веднаш по изборните резултати, и убедливата победа на Трамп на претседателските избори во СА, претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека во Трамп гледа голем сојузник и пријател и дека е, како што рече , е убаво кога имате искрен пријател во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…