Нов, шести град во Македонија, ќе добие маркет на ЛИДЛ покрај оние во Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево и Тетово
Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното одделение за нервни болести, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип.
– На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“ – вели Јорданов.
Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања.
Покрај Кавадарци, Битола и Гази Баба (Скопје), ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Маркетот во Штип е шести од најавените маркети на ЛИДЛ во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…