Вишиот скопски обвинител Хајрулахи суспендиран и под истрага

t

Шефот на вишото скопското обвинителство Мустафа Хајрулахи под истрага за злоупотреби на службената положба и малтретирање на вработени во обвинителството- државниот обвинител Коцевски го суспендирал до завршување на постапката. Оваа постапка е иницирана од вработени во обвинителството кои прво доставија поплаки за мобинг до советот на јанви обвинители и до Коцевски но потоа поднеле и кривична пријава на која работело обвинител од штипското обвинителство за да се обезбеди непристрасност во работењето.

Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување велат од јавно обвинителство

Овој предмет не е поврзан со контролата што републичкото обвинителство ја правеше во вишото. Од обвинителството за Телма велат дека извештајот се привршува и деновиве ќе биде доставен до државниот обивнител. А токму оваа контрола Коцевски ја посочи како причина за хајката на вишиот обвинител против него. Со неа се проверуваше кои обвинители се откажувале од жалби и обвиненија и така пропаѓале предмети. Хајрулахи претходно го обвинуваше Коцевски дека му вршел притисок за предметот со бонусите на СЈО да не и дава својство на оштетена на партијата вмро дпмне. Коцевски негираше притисоци и рече дека со Хајрулахи разговарал за нарушените меѓучовечки односи во вишото обвинителство.

Хајрулахи периодов е во фокусот на јавноста и поради видеото кое го сподели со дел од медиумите а на кое снимена била и новинарката Мирослава Симоновска. Тој тврдеше дека снимката ја добил од свиркач и е доказ дека протекувале информации од обвинителството. Симоновска поднесе кривична пријава до обвинителството и тој предмет првично се водеше против непознат сторител но според последните информации – обвинителството веќе има индиции за тоа кој тајно ја снимал новинарката а се работи на откривање и на на причините зошто била снимана.

Инаку Хајрулахи е втор мандат на чело на скопското вишо обвинителство. Остана како единствен кандидат, откако претходно двајцата негови соперници екс-обвинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми се повлекоа под недообјаснети околности. Антагонизмот продолжи и со пријави и иницијативи за дисциплински постапки кон Фетаи на кои и таа возврати а кривична пријава Хајрулахи му поднесе и на колегата Сашо Рајчев.

Извор: telma

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…