Орбан: Во најдобар интерес на ЕУ е проширување со Западен Балкан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека е целосно убеден оти во најдобар интерес на Европската унија е Западен Балкан, а пред се Србија, да се приклучат на блокот.
Во Баку, каде што се одржува климатскиот самит COP29, Орбан за српските медиуми изјави дека во ЕУ сега повеќе од порано се разговара за Западен Балкан.
„Секогаш зборуваме дали тоа е добро или лошо за Србија. Не би сакал да се мешам во тоа. Но, јас сум целосно убеден дека во најголем интерес на Европа е да се приклучи Западен Балкан, пред се Србија, за да донесе нова динамика, енергија и поттик во европската економија“, рече тој.
Тој додаде дека во моментов во ЕУ нема договор како да се забрза процесот на проширување кон Западен Балкан.
„Во моментов нема договор како да се забрза процесот, но заедно одиме во насока која е поволна за Србија, да го забрзаме процесот за влез во ЕУ и да обезбедиме поширока и појасна перспектива на ЕУ, а потоа вие во Србија можете да одлучите дали ќе го користите или не, рече Орбан.
Тој рече дека денешната средба во Баку ќе биде „малку чудна“, бидејќи ќе се разговара не само за климатските промени, туку и за други теми.
„Можете да бидете сигурни дека во ходниците сите ќе зборуваат за нешто друго. Најмногу за тоа какви последици може да има исходот од американските претседателски избори. Има многу различни мислења, се разбира, но еден заклучок ми се чини дека е сосема Заедничко Сите ние чувствуваме дека шансата за мир сега е поголема од кога било досега. Тоа не е само хипотетичка идеја, ние имаме. Четиригодишното искуство на Доналд Трамп како претседател на САД, а тој секогаш беше за мир на меѓународната сцена“, рече Орбан, пренесе Танјуг.
Тој додаде дека претставниците на земјите кои се во Азербејџан на самитот можат да имаат добра надеж.
„Откако Трамп ќе биде инаугуриран во јануари, верувам дека тој брзо ќе направи добри чекори кон мирот. Така, сите земји кои се стремат кон мир ќе бидат среќни утре овде во Баку, сигурен сум во тоа“, заклучи Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Во најдобар интерес на ЕУ е…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека…
Фон дер Лајен најави замена на рускиот…
Европската унија може да ја разгледа можноста…
Идната еврокомесарка за проширување: Очекуваме Македонија ги…
Кандидатката за нов комесар за европроширување и…
Извештај на ЕК: Намален број на ученици,…
Трошоците за образование и обука минатата година…
Писонеро: Политичките сили во Северна Македонија да…
Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи…