Трамп го комплетира тимот: Маск нов шеф на одделот за владина ефикасност
Сопственикот на Тесла, најбогатиот човек на светот Илон Маск и официјално доби функција во новата администрација на Доналд Трамп. Како што и се најавуваше, Маск ќе го води новоформираниот оддел за владина ефикасност, чија задача ќе биде да создаде поефикасна влада.
Маск ќе го води одделот заедно со поранешниот републикански кандидат за претседател Вивек Рамасвами и Трамп навести дека ова тело ќе работи надвор од границите на владата.
Трамп сака да направи ревизија на целокупната администрација во земјата, која ја смета за сопирачка за напредокот на Америка.
Одделот ќе работи до 4 јули 2026, кога се одбележуваат 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност.
Маск јавно го поддржа Трамп по обидот за атентат врз него во Пенсилванија и потоа активно се вклучи во неговата кампања и се појавуваше на митинзи. Се проценува дека Маск вложил 200 милиони долари за да го помогне изборот на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…