Објавено на:

Ерупции од вулкан на Бали, облаци од пепел високи до 10 километри, летовите се откажани

t

Неколку меѓународни авиокомпании денеска ги откажаа летовите до и од индонезискиот остров Бали, по натамошните ерупции од вулкан што испрати облаци од пепел високи и до 10 километри и принуди илјадници луѓе да се евакуираат.

Jetstar и Qantas соопштија дека ги прекинале летовите за Бали во средата од безбедносни причини поради вулканска пепел, додека веб-страницата за следење на авиони Flightradar24 покажа дека летовите на AirAsia и Virgin до островот се исто така откажани.

Бали е главната туристичка дестинација на Индонезија и е популарна дестинација за посетители од целиот свет.

Во првата ерупција на вулканот Левотоби Лаки-лаки на 3 ноември во источната провинција Нуса Тенгара, на околу 800 километри од Бали, загинаа најмалку девет лица. Оттогаш, вулканот продолжи да еруптира, вклучително и неколку пати во вторникот.

Од 4 до 12 ноември на Бали се откажани 80 летови. Индонезија има близу 130 активни вулкани и се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, област со висока сеизмичка активност на врвот на различни тектонски плочи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерупции од вулкан на Бали, облаци од…

Неколку меѓународни авиокомпании денеска ги откажаа летовите…