Сведочи член на партијата Десна – Александар Ѓорчевски се познавал со Палевски?
На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше Христијан Плотников симпатизер на партијата Десна.
ХРИСТИЈАН ПЛОТНИКОВ
Обвинителство
О – Колкав период се познавате со обвинетиот Љупчо Палевски
Х – мислам дека од 2017, од моментот кога го фарбаше Геровски, му дадов поддршка за тоа што го направи
О – продолживте понатаму да комуницирате?
Х – да
О – колку често комунициравте?
Х – речиси секојдневно, поради движењето Бојкотирам, за референдумот, после тоа во оформување на Трета република и формирање на Десна
О – член сте на партијата?
Х – да член и основач, секојдневно комунициравме, бев втор човек ов партијата
О – Вашата улога во партијата која беше конкретно?
Х- – најмногу за подкастите, водев и свој подкаст, а му помагав и на Палевски за неговите, бев задолжен за градска организација на партијата
О -со другите обвинети се познавате?
Х- да, Влатко беше домаќин во штабовите, после кај Шампионче и последно кај Веро Џамбо, Велибор беше задолжен за велешката област, а Боре од време на време го гледав, а Манев е од 2018 година активен во партијата, Кешишев околу 2020 или 2021 се појавува во Опера Хаус првпат, а Видевски покасно
О – во периодот од септември 2023 колку често ги гледавте Велибор и Боре во партијата?
Х – минимално, моите активности беа сведени на минимум, имав запозтавено фамилија, приватен бизнис, реагирав кај Палчо и се назначија нови луѓе
О – бидејќи чесот сте комуницирале со Палевски ив пренесуваше дали се гледа со Велибор и Боре?
Х – не, немавме таква комуникација, ние за конкретни настани разговаравме, мислења, размислувања, технички да се подобри ррализацијата на подкастите, не да ми поднесува рапорт со кој колку и каде се видел
О – дали го познавате Александат Ѓорчевски?
Х – не, имаше ситуација еден наш сопартиец, адвокат, тој кажа меѓу редови дека Александар бил во Опера Хаус, ако бил таму да сум го видел, ама не ми текнува, лично не го знам
О – дали Палевски пред вас комуницираше на телефон?
Х – да, најнормално
О- дали сте биле присутен кога Палевски разговарал со Ѓорчевски?
Х – не знам никогаш не сум прашал со кого правел муабет
О – како се финансираше партијата?
Х – финансирање само на основ на македонска солидарност, гледавме кој колку може да одвои, јас плаќав интернет месечно, кирија кога доаѓаше кој колку може даваше исто и ја плаќавме, исто за сите трошоци, гледавме да биде на свеста на македонскиот народ
О – што ви е познато за возилото Рено?
Х – дека е во сопственост на Ѓорѓи Џолев, исто основач, тој поголем дел поминуваше во Исланд и му ја даваше колата на секој кој му треба, ни ја даде на користење, колата беше паркирана во штабот, било кој да имаше потреба од возило ја земаа таа кола, беше возена од премногу луѓе, посебно последниот период септември, октомви, ноември кога се селевме
О – таа опрема за што служеше?
Х – за реализација на подкасти, а второ се работи за еден субјект што беше движење, па партија, па функционираше 4-5 години и се собира, докумнетација, реквизити за протести итн
О – таа опрема имаше радио-станици?
Х – да
О – за што служеа?
Х – да собираат прашина, ги видов првпат во шамиионче и беа во режија јас кај што реализирав подкасти и беа со прст прашина буквално
О – комуницираше ли некој некогап радио станиците?
Х – не
О – имаше ли пиштол во просториите на штабот?
Х – во просториите на штабот не, кај Палчо покрај него да, го носеше со него од моментот кога беше нападнат пред својот дом, црн Валтер мислам дека е за лична безбедност го носеше
О – кога беше нападнат?
Х – некаде во периодот на короната
О – бевте ли во штабот на 29.11
Х – тие денови бев во штабот, последните месеци одев во партија ама не секој ден како претходно
О – кој беше присутен пред да ве уапсат во штабот?
Х – па Палчо, Влатко, Велибор, други луѓе, константни беа Палевски и Кешишев, имаше луѓе што доаѓаа
О – на 30.11 дали беше присутен Палевски?
Х – не
О – како дознавте дека не е тука?
Х – ми се јави ген-секот на партијата, бев на подкаст во друга партија, пред да почнам Миле ме информираше дека Џоле оди накај полициска станица во одделение крвни деликти, најверојатно нешто за убиство, јас кажав седнувам на подкаст, гостин сум и ако има било што ако не се јави до 10- 10.30 да се јави ќе го прекинам подкастот
О – бевте после тоа во штабот?
Х – да, ми се јави Миле дека Џоле е во станица и реков океј ќе дојдам, Миле ми кажа дека Лита е повикана поради возилото, а знаев дека Палевски не е во штабот и државата, отидов затоа што знаев дека е само Кешишев
О – од каде знаевте дека не е во државата?
Х – десетина дена пред тоа кажа дека долго врем еодлговлекувал за кичмата да ја среди и дека ќе оди во Турција, ген-секот рече требаше да имаме централен и демек како ќе одиш, а тој рече мор да се научите да ја водите сами партијата не можам само со вас ама недела-две претходн се знаеше дека ќе оди.
О – кога последен пат го видовте Палевски?
Х – не знам пред заминувањето
О – на 22.11.2023 дали бевте во штабот?
Х – не памтам, тие денови најверојатно сум бил но не памтам кога кој ден, мојот телефон им го дадов на располагање на крим-техника и може да видите, јас еден ден ќе отидам, два нема,а ама со согурност датуми не можам да кажам
О – тие денови кога сте оделе Реното било во штабот?
Х – да, беше паркирано, возилото го возеше кој стигне
О – по настанот, откога сте биле приведен што се случи се видовте ли со дриги лица од партијата?
Х – со Џоле и Васко се видовме, сите бевме збунети што се случува, Васко е адвокат и внимателен е како збори ама не знаеше
О – ви кажа ли Васко за Палевски?
Х – да, он го носеше во Белград, он им кажа и на самите инспектори кога влегоа во штабот, полицијата дојде во 3 часот наутро, дојде со налог за претрес, полицијата беше најкоректна и праша дали ни треба адвокат
О – како се најдовте во штабот?
Х – бев на подкаст претходно, ген-секот ме информираше дека Џоле е викнат во станица во врска со возилото и затоа отидов таму, а знаев дека Палевски не е таму, едноставно да се најдам
О – од која причина останавте во штабот?
Х – забележав дека надвор има екипа од Алфите во Сеат возило, ги спојуваш тие работи, полиција ќе дојде и останав
О – од каде бевте сигурни дека возилото е на МВР?
Х – по тоа како стоеја полицијата, беа во цивилка, по логика, јас имав сервис за телефони, многу од Алфите доаѓаа и ми беа муштерии, ги знаев возилата а и општо познати се возилата, Алфите по нивниот изглед исто се препознатливи. Влатко инсистираше дека се е во ред да си одам, ама Џолев беше со часови во полиција претпоставував дека нешто се случува
О – го побаравте ли Палевски?
Х – не
О – ви кажа дали некој контактирал со него?
Х – васко кога дојде мислам дека имаше комуникација со него покрај инспекторите
О – на кој начин комунициравте со Палевски?
Х – Телеграм најчесто
О – обична мрежа користевте?
Х – најголем дел од комуникацијата беше на Телеграм
О – со другите обвинети сте имале телефонска комуникација?
Х – Со Боре не верувам, со Велибор и Кешишев сигурно сум имал исто Телеграм
О -со Стефан Димковски дали се познавате?
Х – да, ги имаше редуцирано активностите и тој во партијата, има близнаци, жена, бизнис, имаше обврски
О – имаше тој комуникација со Палевски?
Х – да, Палевски имаше со сите комуникација
О – се видовте ли со Сфетан Димковски по настаните?
Х – не
ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ
П – Да го поздравам, не сум го видел година дена. Си бил присутен при претресот, дали беше чудно однесувањето на полицајците?
Х – на полицајците не толку, повеќе на Кешишев, едноставно беше упаден дека треба да си одам, а е ситуација кога висок член на партијата е во станица, тоа беше сомнително, особено кога полицијата праша дали сакаме адвокат да биде присутен на претресот, Влатко рече не
П – дали слушна, при претресот, што бараат инспекторите?
Х – не соопштија што бараат, кажаа дека имаа налог, во одреден дел од просториите бев присутен, знам дека земаа еден мобилен телефон што се користеше во партија, некои игли и шприц што се користеа за лекување на едно болно маче, отидовме во станица, и таму ме чекаше лист за приведување
П – дали моето име беше спомнато од било кој инспектор при испрашувањето?
Х – при испрашување не, кратко траеше испрашувањето, клучно едно прашање имаше каде бев критичниот момент, ама сум под видео надзор постојано во школите на децата, градинка, во дуќан и така натаму
П – дали ви е познато името на инспекторот Зерински
Х – не знам како се викаат инспекторите
П – 22ри, бевте прашани од Обвинителката, Крш дебата среда, дали јас реализирав?
Х – вие реализиравте, одговаравте на прашања на гледачи, знаеше сам да ги реализира подкастите
П – дали бев сомнителен со моето однесување?
Х – не, воопшто
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…